
- This event has passed.
Metal Discharge 6
June 14 @ 9:00 PM - 10:30 PM

Време е! Овој јуни одиме посилно, погласно и побрутално. Со голема посветеност, труд, пот и чисто срце, го градиме овој свет хаос и покрај сите препреки.
Среќни сме што можеме да го објавиме овогодинешното лудило на две сцени:
Главна сцена: Бетонскиот олтар – нашиот терен, легендарното Ракометно игралиште. Подготвено за масивна звучна деструкција од големата сцена.
Втора сцена: Започнува нов ритуал во старата битолска чаршија. Античките камења резонираат со ехото и сенките од минатото. Таму каде каменот и металот се спојуваат како кепенците и фасадите на познатата битолската архитектура, се раѓа нова и сурова DIY сцена за љубителите на тешкиот и брутален звук.
Продолжуваме со нашата борба против здодевното, секојдневното и пластично општество. Се креваме обединети, гласни и горди. Се бориме за идентитет, за карактер, за вистински андерграунд дух. Металот е бунт а истовремено Металот е и семејство.
Гладни сме за нови бендови, за нова енергија. Ако и вие се осеќате така, Metal Discharge е вашиот дом.
13-14-15 јуни
Се гледаме во Битола!